Погба го шокираше светот: Јас сум мртов, готов сум, повеќе не постојам! (ВИДЕО)

Легендарниот Пол Погба го шокираше светот со својата последна исповед пред ТВ-камерите.

Погба зимава беше суспендиран на четири години откако беше позитивен на допинг, за да сега во тв-интервју без да бира зборови порача дека е готов и дека повеќе не постои како фудбалер, но и како човек.

„Јас сум готов, јас сум мртов… Пол Погба повеќе не постои“ – рече поранешниот фудбалер на Јувентус и Манчестер јунајтед.

Французнот кариерата ја почна во Ле Авр, пред 2009 година да се пресели во Манчестер јунајтед каде не успеа да се наметне. Потоа се пресели во Јувентус, и тоа целосно бесплатно, каде го играше најдобриот фудбал. По успесите со Старата дама, каде освои четири едноподруго титули во Серија А, во 2016 година повторно се враќа во Манчестер јунајтед за 100 милиони евра.

Сега со Јунајтед ја освои Лигата на Европа и Лига купот на Англија, пред повторно да се врати во Јувентус каде имаше бројни проблеми со повреди, а потоа падна и на антидопинг тест.

31-годишниот Погба го освои Светското првенство 2018 со Франција, постигнувајќи и гол во финалето за трофеј на својата земја.

Се вчитува...