Погба и Јувентус ја прекинуваат соработката

Пол Погба и Јувентус започнале постапка за прекин на соработката, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.

Поранешниот француски репрезентативец ќе се врати на теренот следната година откако официјално му беше намалена суспензијата од четири години на 18 месеци поради користење на допинг, но камбекот нема да биде во италијанскиот калчолигаш.

Фудбалерот кој доби позитивен допинг тест за тестостерон по натпреварот во првото коло против Удинезе минатата сезона се очекува до крајот на годината да постане слободен фудбалер.

Се вчитува...