Пол Погба по се изгледа е најсреќниот играч во Мачестер јунајтед откако Жозе Мурињо доби отказ. По заминувањето на Португалецот, Погба игра како препороден.
Во последните три натпревари во 2018 година Французинот постигна дури четири погодоци и запиша три асистенции, па на крај заслужено го освои и признанието за најдобар фудбалер на Манчестер јунајтед за месец декември.
Инаку, пред смената на клупата, Погба во декември немаше ни гол ни асистенција, но откако Оле Гунар Солскјер ја презеде палката на „Олд Трафорд“, Погба блесна во вистинско светло.
? Say hello to our #MUFC Player of the Month for December: @PaulPogba! ? pic.twitter.com/uYy8tL5SWG
— Manchester United (@ManUtd) January 2, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА