Францускиот интернационалец Пол Погба одлучи да не оди на операција на коленото. Пред играчот за врска имаше две можности на маса, продолжување на конзервативното лечење или операција на коленото.
Второто решение е посигурно на долги патеки, но Французинот ќе ја ризикува кариерата како би можел да настапи на Светското првенство во Катар кое ќе почне на крајот на годината.
По консултација со лекарите 29-годишникот одлучи да продолжи со конзервативното лечење. Тој би можел да се врати за четириесет дена, но никој не знае колку ќе биде подготвено неговото колено за напорите кои го очекуваат во Јувентус.
Paul Pogba opts to have therapy instead of surgery on his injured knee and is expected to miss five weeks.
If all goes according to plan, he won’t miss the World Cup 🇫🇷 pic.twitter.com/nAw3SNT8nq
— B/R Football (@brfootball) August 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА