Пол Погба изразил желба да игра во Барселона, но притоа и да го облече дресот со бројот осум што претходно му припаѓаше на легендарниот Андрес Иниеста.
Французинот има уште три години договор со Манчестер јунајтед и шансите летово да се реализира трансферот во Барселона се многу мали. Но, во медиумите веќе се вртат шпекулации.
„Calcio Mercato“ тврди дека Погба е сериозно заинтересиран за преселба на „Камп Ноу“ и дека во првичните контакти дури и го побарал дресот со бројот на Иниеста.
Погба кој претходно настапуваше за Јувентус, со Манчестер јунајтед е „врзан“ уште три години. Клубот е подготвен да го продаде Французинот, но тешко дека тоа ќе се случи ова лето бидејќи на аглискиот тим му останува многу малку време да најде соодветна замена за Погба.
Крајниот рок до кој клубовите од Премиер-лигата може да донесат играчи за новата сезона е 9 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА