Погба конечно се опорави од повредата, Французинот од денеска му се стави на располагање на Рангник

Францускиот репрезентативец и играч за врска на Јунајтед, Пол Погба, по подолг период се врати во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед. Пол откако ја санираше повредата која го одалечи од фудбалските терени гедано некаде од финишот на 2021 година, сега за првпат ќе има можност да работи со новиот тренер, Ралф Рангник.

Пол Погба најави дека е подготвен да остане во Манчестер Јунајтед и да стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина, но само под еден услов. Како што пренесуваат англиските медиуми, 28 годишниот фудбалер од средниот ред бил импресиониран од начинот на работа на Ралф Рангник и најавил дека ќе остане во клубот само доколку германскиот стратег продолжи да биде тренер на „ѓаволите“ и по истекот на неговиот привремен мандат како тренер на клубот.

„Црвените ѓаволи“ кои по неколку денови одмор се вратија на редовните активности, в сабота ги очекува мечот со Мидлсборо во рамките од ФА Купот.

Се вчитува...