Пол Погба замина од Манчестер Јунајтед и како слободен играч ќе ја бира новата средина. Голема веројатност е тоа да биде Јувентус со кого францускиот репрезентативец е во последната фаза од преговорите, а доколку дојде до овој трансфер воедно тоа ќе биде и враќање на играчот од средниот ред на добро познатото место.
Французинот кој „црвените ѓаволи“ го платија 105 милиони евра по заминувањето не пропушти да ја прокоментира ситуацијата во Манчестер, изјавувајќи дека неговиот доскорешен тим ќе зажали за тоа што не се потруди да го задржи.
„Играчите мораат да се чувствуваат добро во клубот во кој се наоѓаат. Ако тоа не постои тогаш нема ништо. Се вратив од повреда и Јунајтед не ми помогна, не ни прашаа како се чувствувам. Тоа никогаш го немам доживеано. Морав да заминам со репрезентацијата за да ми се врати самодовербата. Играњето и победувањето се единствените работи кои се битни. Сега ќе му покажам на Манчестер дека ќе зажали. Не смееја да чекаат толку долго за да ми понудат нов договор“, вели Погба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА