„Погба мисли само на себе, не го интересира Јувентус“!

Репрезентативецот на Франција, Пол Погба доби нови лоши вести за неговата кариета. Медицинскиот тим на Јувентус му дијагностицираше на фудбалерот проблеми со повреда поради која требаше да оди на операција, сепак, тој се решил за друга терапија со која би требало да се врати на теренот за пет недели.

Погба направи таков избор за да може да се врати на теренот и да се подготви за настап на Мундијалот во Катар, кој ќе се одржи на крајот на годината, а немаше да има таква опција доколку заминеше на операција.

Навивачите на Јувентус не се среќни од нивното ново засилување и неговата одлука, па многумина сметаат дека Погба бил себичен во оваа ситуација.

„Ова за нас, навивачите на Јувентус, е најлоша вест. Можеби ќе одигра неколку меча во првенството за потоа да може да игра на Светското првенство, а потоа најверојатно ќе оди на операција. Јасно е, важен му е Мундијалот, не му е гајле за Јувентус“, изјави револтиран навивач.

Се вчитува...