Манчестер јунајтед пред своите навивачи славеше против Фулам со 4-1, но Пол Погба овој меч го гледаше од клупата за резервни фудбалери. Французинот веќе некое време е далеку од првиот тим на Јунајтед што е потврда дека може да се очекува негова брза разделба со менаџерот Жозе Мурињо.
Англиските медиуми објавуваат дека сосема извесно е заминувањето на Пол Погба од Јунајтед веќе во јануари, ако во клубот и натаму остане Жозе Мурињо. Погба би можел да остане на „Олд трафорд“ само во случај доколку Мурињо замине од таму.
Погба и летово сакаше да замине, но тогаш остана по убедување од челниците на клубот. Но, тешко дека сега ќе го задржат во јануари по сите последни случувања во клубот.
Според најавите, францускиот фудбалер е блиску до враќање во Јувентус. Тимот од Торино нема ништо против да го купи Погба но за многу помалку пари од оние за кои го продаде пред неколку години. Преговорите со „црвените ѓаволи“ веќе се почнати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА