Погба на темата трансфер: Нема потреба да разговараме…

Пол Погба се најде во составот на Манчестер јунајтед на мечот против Перт во рамките на подготовките во Австралија, но прашање е дали следната сезона ќе остане меѓу „црвените ѓаволи“ и покрај тоа што Оле Гунар Солскјер планира да му ја даде и капитенската лента.

По вчерашниот меч медиумите, сосема очекувано, ги интересираше ставот на Погба околу изјавата на неговиот агент дека Французинот сака да замине од Јунајтед.

„Нема потреба да разговараме за тоа“ – беше краткиот одговор на Погба.

Францускиот репрезентативец е на мета на Реал Мадрид, но се уште не е познато дали двата клуба ќе дојдат до договор.

Се вчитува...