Погба наместо трансфер добива капитенска лента

Пол Погба инсистира да му биде дозволено да си замине од „Олд Трафорд“ летово, но Оле Гунар Солскјер и управата на Манчестер Јунајтед имаат поинакви планови за француската мегаѕвезда. „Ѓаволите“ немаат намера да го продадат овој фудбалер, откако Оле Гунар Солскјер ставил до знаење дека во Погба гледа лидер на тимот за наредната сезона. За да го убедат да остане, „црвените ѓаволи“ веќе му понудиле на францускиот ас и капитенска лента.

Погба беше заменик-капитен минатата сезона, но по серијата конфликти со Жозе Мурињо тој кон средината на сезоната остана без лентата. Сепак, Солскјер има поинакви планови, првиот капитен Антонио Валенсија дефинитивно си оди од „Олд Трафорд“, додека неговата замена Ешли Јанг ќе нема улога на стандарден првотимец од август.

Токму поради ова, норвешкиот статег му нуди на Погба да стане капитен, со најава дека во скоро време ќе се почнат и преговори за нов договор. Навивачите на Јунајтед не сакаат ваква награда за еден од најслабите играчи во минатата сезона, но на челниците на клубот им е јасно – во ситуација кога тимот не игра во ЛШ ќе биде многу тешко да се донесат нови играчи од највисока класа, па затоа се настојува барем да се задржат оние кои се веќе дел од најтрофејниот англиски клуб.

Се вчитува...