Најскапиот фудбалер на денешницата, Пол Погба, нападнат е од навивач затопа што одбил да му даде автограм, јавува британскиот таблоид „Сан“.
Инцидентот се случил во еден ресторан во Манчестер, а целиот настан прераснал во скандал откако се објавени снимките од нападот.
Според „Сан“, навивачот му побарал автограм на Погба, а кога фудбалерот го одминал, бесниот навивач по него фрлил со чинија. Францускиот фудбалер се оддалечил во аголот на ресторанот, за да се тргне од навивачот кој одел зад него и бесно му дофрлал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА