Погба: Не добив поддршка од Јуве, ми беше тешко да ги носам децата на училиште

Пол Погба изјави дека за време на суспензијата поради допинг не чувствувал поддршка од Јувентус, клубот во кој тогаш беше член. Францускиот играч за врска, кој по 18-месечна пауза се враќа во фудбалот и се очекува да потпише за Монако, отворено проговори за разочарувањето кое го доживеа.

Погба беше позитивен на допинг тестот по натпреварот против Удинезе во 2023, иако не ни настапи на тој натпревар. Првично доби четиригодишна суспензија, која подоцна беше намалена на 18 месеци. Јувентус го раскина неговиот договор во ноември 2024 година, додека правото да се врати на терените му беше вратено во март 2025 година.

Тој се потсети и на тешките моменти надвор од теренот.

„Не добив воопшто поддршка од Јувентус. Тешко ми беше да ги возам децата на училиште секој ден и да поминувам покрај стадионот знаејќи дека нема да играм наскоро. Децата постојано ме прашуваа кога ќе играм повторно и кога ќе ме гледаат како играм“, изјави Погба. 

Се вчитува...