Погба одбил трансфер во Русија

Пол Погба бил трансферна цел на рускиот тим Зенит, откриваат руските медиуми. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и на Јувентус ја одбил понудата од тимот од Санкт Петербург.

Клубот контактирал со менаџерите на Погба, и му понудиле услови, но преговорите биле прекинати откако самиот играч истакнал дека не сака да игра во Русија.

31-годишниот фудбалер е слободен играч откако го раскина договорот со Јувентус, по допинг скандалот. Првично беше суспендиран на двегодини, но ЦАС му ја намали казната, па официјално ќе може да се врати на терените на 10 март.

Се вчитува...