Пол Погба отпатува со Манчестер Јунајтед на претсезонската турнеја во Австралија. Тој изминатата седмица не тренеираше со екипата, неговиот агент Мино Раиола потврди дека сака да си замине од клубот, а Французинот наводно на соиграчите им кажал дека нема да биде во авионот за Перт.
Сепак тој се појави, а неговото име фигурира и на списокот на менаџерот Оле Гунар Солскјер за претсезонската турнеја на која по два натпревара во Австралија, Јунајтед ќе оди и во Сингапур и во Кина.
Се очекува Солскјер и Погба да разговараат за неговиот статус за време на престојот во Перт. Францускиот репрезентативец и неговиот агент го форсираат трансферот во Јувентус додека Јунајтед и натаму стои на ставот дека Погба не е на проджба.
Во авионот за Перт беше и Ромелу Лукаку кој е пак силно поврзуван со трансфер во Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА