Кошмарната сезона на Пол Погба продолжи откако францускиот ас заработи нова повреда поради која ќе мора да отсуствува уште извесен период од фудбалските терени.
Погба имаше тешка повреда во август поради која не настапи од стартот на сезонава, тој конечно се опорави пред нешто повеќе од еден месец, но не успеа да влезе во натпреварувачки ритам откако се пожали на преоптовареност на мускулите. Во меѓувреме повторно исплива и неговиот непрофесионализам откако задоцни на тренингот пред мечот со Фрајбург, поради што беше избришан од тренерот Алегри за тој натпревар.
Се очекуваше Погба да настапи барем на реваншот во Германија, но вчера тој заработил нова повреда на мускулот. Денешните лекарски прегледи покажале дека проблемот воопшто не е наивен, по што е препорачано мирување од околу еден месец. Французинот во најдобар случај би можел да се врати кон средината на месец април, огромен проблем за Алегри кој гледаше на Погба како на командант во средниот ред, но цела сезона го нема на располагање своето главно засилување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА