По суспензијата поради допинг и повредите што го мачеа, играчот од средниот ред Пол Погба, конечно, се врати на теренот и дебитираше за Монако.
Искусниот фудбалер влезе во последниот натпревар против Рен, каде неговиот тим беше убедливо поразен со 4:1. И натаму треба да се види како Погба ќе се развива по враќањето на терен, но прашан за тоа дали има шанси повторно да изагра на Светско првенство за Франција, тој рече:
„Имам уште многу работа пред мене. Морам да се вратам во форма да му помогнам на тимот. Ако не играм добро во Монако, морам да заборавам за настап на Светско првенство. Не е реално сега да зборувам за тоа, само што почнав да играм после долга пауза“, изјави играчот на Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

