Погба: Рудигер ме „грицна“, но не го казнувајте – ние сме пријатели

Големото дерби меѓу Франција и Германија го одбележа и сериозен инцидент, откако ТВ-камерите го фатија Антонио Рудигер како при еден дуел го гризе за грбот Пол Погба.

Ниту главниот судија ниту ВАР-арбитарот не го забележаа инцидентот, а и самиот Погба по мечо истакна дека не станува збор за ништо сериозно.

„Сите ги видовте ТВ-снимките. Мислам дека Антонио малку ме грицна, но не сакам сега да барам казни и суспензии бидејќи не беше ништо сериозно. Го оставаме тоа зад себе“, истакна Погба по мечот.

Сепак, останува да се види дали УЕФА ќе реагира и ќе покрене дисциплинск постапка за да го санкционира ваквото однесување на фудбалерот на Челси.

Се вчитува...