Францускиот интернационалец Пол Погба на голема врата се врати на „Олд трафорд“ како голема ѕвезда од редовите на Јувентус, но повторно има проблеми да ја покаже својата класа во дресот на клубот каде ја помина и својата фудбалска младост. Првиот пат мораше да замине на докажување, а сега сака да остане во Манчестер јунајтед, иако менаџерот Жозе Мурињо е подготвен да му дозволи да си замине од клубот.
Како што тврдат медиумите на Островот, Погба сепак одлучил да остане во Јунајтед и решен е да му докаже на Мурињо дека вреди за сите пари кои се вложени во него. За него постои одреден интерес од Реал Мадрид, но се е тоа во сферата на предвидувањата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА