Погба: Сакам трофеи со Јунајтед или некој друг клуб

Пол Погба се наоѓа пред заминување од Манчестер Јунајтед. Францускиот репрезентативец се врати во редовите на „црвените ѓаволи“ во 2016 година како големо засилување, но се чини дека никогаш не ги оправда очекувањата па се поизвесно е дека повторно ќе ја промени средината.

Икусниот играч од средниот ред не крие дека не е задоволен во Манчестер Јунајтед и вели дека сака постојано да биде во игра за трофеи, нешто што во последните години не го добива.

„Морам да бидам искрен, последните пет сезони не сум задоволен. Ни оваа сезона нема да освоиме ништо, а јас сакам постојано да бидам во игра за трофеи со Манчестер Јунајтед или некој друг клуб. Во репрезенѕацијата на Франција добро се согласувам со селекторот Дешан и ја знам мојата улога. Дали во Јунајтед имам улога? Немам одговор за тоа прашање“, вели Погба.

За услугите на Погба заинтересирани се Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ, а последните информации велат дека и два клуба од Премиерлигата се подготвени да го доведат во своите редови.

Се вчитува...