Пол Погба наскоро би требало да се врати во фудбалот откако му беше намалена суспензијата за допинг. Погба првично беше суспендиран на четири години, а потоа неговата казна неодамна беше намалена на 18 месеци со одлука на Судот за спортска арбитража во Лозана.
Францускиот фудбалер би требало да се врати на тренажниот процес во Јувентус во јануари 2025 година, а во март истата година ќе може повторно да игра. Причина за неговата суспензија беше позитивниот тест на тестостерон по победата на торинскиот клуб над Удинезе со 3-0 во првото коло од Серија А минатата сезона.
Во интервју за „Скај спортс“, Погба емотивно говореше за се што му се случуваше овој период.
„Оние кои ме познаваат знаат дека никогаш не би земал допинг намерно. Јас сум чесен човек. Да земам, би признал. Но, тоа не сум јас, јас не сум измамник. Го сакам спортот, го сакам фудбалот и никогаш не би направил такво нешто. Не го прифаќам добро поразот, но не сум измамник“, изјави Погба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА