Погба се премисли: Французинот сака да остане во Јунајтед, но само под еден услов

Пол Погба најавил дека е подготвен да остане во Манчестер Јунајтед и да стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина, но само под еден услов.

Како што пренесуваат англиските медиуми, 28 годишниот фудбалер од средниот ред бил импресиониран од начинот на работа на Ралф Рангник и најавил дека ќе остане во клубот само доколку германскиот стратег продолжи да биде тренер на „ѓаволите“ и по истекот на неговиот привремен мандат како тренер на клубот.

Погба досега нема заиграно под водство на Рангник кој седна на клупата на Манчестер Јунајтед во месец декември, а се очекува да го стори тоа по двонеделната пауза во Премиер лигата. Французинот има уште пет месеци од својот актуелен договор со Манчестер Јунајтед, а неговата иднина во клубот е крајно неизвесна.

Според последните информации тој ја одбил понудата на клубот која му била доставена минатото лето и во моментов големи се шансите тој да си оди како слободен агент од клубот во текот на летниот преоден рок.

Но според „Сан“ сега тој почнал да се двоуми затоа што бил импресиониран од Рангник и сега бил подготвен да направи шокантен пресврт и да стави потпис на нов договор.

Рангник со сигурност ќе остане на „Олд Трафорд“ но првично е планирано да остане како стручен консултант на клубот, а не како тренер и следната година.

Се вчитува...