Пол Погба е подготвен за враќање на фудбалот по 18 месечната суспензија поради користење на допинг. За неговите услуги постои интерес од повеќе клубови, но тој има желба да заигра заедно со Лионел Меси.
По раскинот на договорот со Јувентус, францускиот фудбалер кој ја покрива средината на теренот е слободен да ја бира новата средина која се очекува да биде Интер Мајами.
За 31-годишникот Соединетите американски држави се атрактивна локација па веќе и имал разговори со претседателот на клубот од Флорида, Дејвид Бекам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

