Погба се враќа на тренинзи следната седмица

Францускиот интернационалец Пол Погба ќе се врати на тренинзи со тимот на Манчестер Јунајтед следната седмица. Тој ја надмина повредата на скочниот зглоб поради која паузираше подолг период.

26-годишниот играч за врска се надева дека ќе може да им помогне на соиграчите на градското дерби против Манчестер Сити кое е закажано за 8. март. Сепак, многу поверојатно е дека ќе му биде на располагање на менаџерот Оле Гунар Сослкјер на мечот од 30.коло во Премиер – лигата против Тотенхем.

Погба во сезоната 2019/20 одигра само седум натпревати во Премиер – лигата и се мачи со повреди. На почетокот на сезоната имаше проблеми со скочниот зглоб, се обиде да игра и покрај болките, но во јануари замина на операција.

 

Се вчитува...