Пол Погба конечно ќе се врати на зелените терени и тоа секако е многу добра вест за сите љубители на фудбалот. Погба доби забрана за четири години откако беше позитивен на забранета супстанца која го стимулира растот на хормоните во телото, вклучувајќи го и тестостеронот.
Сепак, по жалбата, казната на Погба беше намалена од четири години на 18 месеци. Тоа значи дека тој е слободен да продолжи да тренира во јануари 2015 година, а два месеци подоцна ќе може да игра во некој клуб.
Јасно е дека раководството на Јувентус ќе му врачи раскин на договорот, а Погба веќе почнал да бара нов клуб.
Иако неколку клубови се поврзуваа со Погба, новинарот на NCI, Малик Траоре тврди дека останува само се да се официјализира со тимот на Марсеј.
Така, Погба од јануари би требало да се приклучи на тренинзите на овој клуб каде под палката на тренерот Де Зерби ќе игра заедно со Мејсон Гринвуд, Нил Маупеј и Пјер Емил Хојбјерг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА