Погба со ултиматум до Манчестер: Останувам во Јунајтед само ако си замине Рангник!

Манчестер Јунајтед се подготвува за радикални промени во летниот преоден рок во кој повеќе играчи се очекува да го напуштат тимот, некои преку продажба а на останатите им истекува договорот, како и на Погба.

Французинот засега е мистериозна тема, секоја нова изјава му е поразлична од претходната па по победата над Тотенхем посочи нешто ново.

„Можно е да останам, некои одлуки ќе треба да ги донесам со новиот менаџер на тимот“, изјави Погба кој се поврзува со ангажман во ПСЖ и во Јувентус.

Манчестер Јунајтед можно е наскоро да добие нов главен менаџер на местото на Рангник, кој ќе ја добие улогата на спортски советник за развој и трансфери.

Се вчитува...