Манчестер Јунајтед синоќа успеа да ја победи Астон Вила и да стигне до првото место на табелата во Премиер лигата, поточно на делба со Ливерпул, нивниот најголем ривал.
Победата е заслужена, мора да се посочи, но казнениот пенал за Манчестер Јунајтед не е ни дискутабилен, Погба се сопна од својата нога за да го натера судијата да покаже на белата точка, па Бруно немаше проблем да го реши прашањето за победникот.
Она што го привлече вниманието на многумина на овој натпревар е ситуацијата кога Лук Шоу мина по левата страна, но ја загуби топката во шеснаесетникот на гостите. Кога се случи тоа, Погба го праша зошто не „падна“, што јасно се гледа на видеото од гестот на Французинот.
Неколку минути подоцна, Погба го стори истото и судијата досуди пенал за Манчестер Јунајтед, погледнете!
Pogba telling shaw to dive then pogba dives to win a pen which wasn’t pic.twitter.com/ZNGYa28JP7
— Matty Alley (@AlleyMatty) January 1, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

