Погба во мисија против COVID19: Собира пари за УНИЦЕФ

Француската фудбалска ѕвезда, Пол Погба отвори страница за собирање донации за поддршка на УНИЦЕФ за помош на децата погодени од коронавирусот. Играчот на Манчестер Јунајтед кој вчера наполни 27 години отвори роденденска акција „да помогнеме во војната со COVID19“. Погба ќе ја удвои сумата кога неговата цел од 27.000 фунти ќе биде собрана.

„Ударот што ваква голема пандемија ќе го има особено на сиромашните и ранливи деца е огромен. Роденден ми е и секогаш во овие денови сум особено благодарен што јас, моето семејство и моите пријатели сме здрави. Но, не се сите во добро здравје во моментов. Во вакви времиња треба да се обединиме“ – порача Погба.

Парите ќе бидат потрошени за набавка на ракавици, маски и други помагала за здравствените работнци. На минатиот роденден, кога наполни 26 години, Погба собра 7.360 фунти за организација за чиста вода „Charity Water“.

 

Се вчитува...