Без сомнение, најсреќниот човек во соблекувалната на Манчестер јунајтед по отказот за Жозе Мурињо беше францускиот репрезентативец Пол Погба.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Погба заминување на Португалецот го славел бурно во соблекувалната…
„Мислеше од мене да направи будала. Ги сврте навивачите против мене… Но, се за.баваше со погрешен фудбалер“ – наводно викал Погба во соблекувалната на Јунајтед само еден час по отказот за Мурињо.
Но, бил прекинат од Мајкл Карик, кој беше помошник на Мурињо, предупредувајќи го Французинот дека ниту еден играч не може да биде поголем од клубот. А, ако некој мисли дека е тогаш веднаш ќе биде ставен на трансфер листа.
Како и да е, Погба и по случувањата последниве денови потврди дека е комплициран карактер за кого дури сега ќе се види, и без Мурињо, дали вистински го заслужува епитетот еден од најдобри европски фудбалери.
А, како потсетување, нетрпеливоста меѓу двајцата стартувала на еден состанок кога Мурињо му потенцирал на Погба дека мора да се огледа малку на Франк Лампард и неговото однесување на и надвор од терен, ако сака да биде вистински голем. На тоа, Погба му возвратил: „А дали тој освоил Светско првенство?“.
Тоа, и дефинитивно не е некој одговор, но го отсликува карактерот на Погба кој очигледно ќе биде тешка личност за „одржување“ и за следниот менаџер на Јунајтед. А тоа, согласно шпекулациите, од јуни најверојатно ќе биде Маурисио Покетино од Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА