ПОГЛЕД ОД СТРАНА: ФК Вардар и Балканската лига…!

ПИШУВА: Драган Томовски

Еден од најистакнатите домашни фудбалски работници и аналитичари, Драган Томовски, од свој агол, но погледнувајќи единствено од страната на фудбалот, ги анализира актуелните глобални но и домашни фудбалски текови…

==============================================================

Дури 64% од европските тимови играат меѓународен фудбал во невреме!

Балканска лига е предлог кој ФК Врадар го даде уште на 4. февруари 1992 година. Тоа беше прв предлог за ваква лига на овие простори во било кој спорт.

Предлогот бесе пренесен преку Тањуг и завзема централни места во весниците на балканските земји,но и пошироко.

Во што се состои поентата?

Моето образложение одеше во повеќе насоки. Поаѓајќи од претпоставка дека не сме баш центар на фудбалот а имајќи ги во предвид искуствата на тимовите во земјите кои се фудбалска периферија, фактите покажуваа следно. Клубовите во овие земји играа цела година во борба за излез во Европа, излезот во Европа носесше финансиски средства директно (уплати на УЕФА и пари од ТВ права, пари од полни гледалишта) и индиректни кои се гледаа во растот на вредноста на играчите, со секој одигран европски натпревар.

Но. Дури и кога ќе се пласираа, тимовите од овие земји, го завршуваа натпреварувањето среде лето, и тренираа и играа на температури до 40 степени, за време на годишни одмори. Во кратко во најлошиот можен термин…, и пак одново. Андора, Ерменија, Белорусија, Црна Гора, Естонија, Грузија, Казахстан, Кипар, Косово, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Монако, Сан Марино, Македонија, Гибралтар, Фарски острови…

Во нешто подобра положба: Албанија, Азербејџан, Финска, Бугарија, БИХ, Ирска Исланд, Израел, Словачка, Словенија, С.Ирска, Велс…, збирот е 35 држави или 64% тимови играат меѓународен фудбал во „невреме“.

УЕФА која прокламираше политика на помош на помалите земји и сојузи тоа го правеше со одредени финансиски средства. Јас реков дека повеќе би ни вредело да ни се овозможи систем во кој сами ќе ги заработиме. Во таа смисла упативме и предлог до УЕФА, не само за Балканска лига, туку за комплетна регионализација на едно од европските клупски натпреварувања кое би се играло до 31. декември секоја година а понатаму дел од тимовите кои ќе се изборат за тоа, ќе продолжи во натпреварите на испаѓање.

Предлогот ги имаше следните предности:

  • Можност на клубовите да се самофинансираат со обавување на основната дејност -фудбал.
  • Зголемени приходи од публика!
  • Зголемени приходи од маркетинг и мерчендајзинг.
  • Зголемени приходи до ТВ права!

Фудбалски:

  • Квалитативен раст на нивото на играчите.
  • Раст на приходот од трансфери.

Се концентрира квалитетот а корист ќе имаат и националните селекции, бидејќи домашните играчи ќе играа во висококвалитетно натпреварување.

Финансиските приходи ќе овозможуваа добар дел играчи да не одат по секоја цена во странство.

Проектот не беше само: Еј, колку добро,ќе гледаме добри тимови подолго време.

За предлогот беше направен целосен проект со организациски, финансиски, маркетиншки и медиумски пристап. Сите анализи укажаа на профитабилен проект.

Бура од реакции на Балканот – разговор со Мамиќ во хотел „Хајат“ во Белград

Предлогот предизвика бура од реакции. Во директен контакт со клубови од Балканот имаше различни реакции кои зависеа од клупските стратегии, но во моментот најмногу од политичката ситуација.

Српските, босанските, бугарските, албанските клубови дадоа поддршка. Словенија недвојбено беШе против а хрватските реакции беа “динамични”. Примерот со Хајдук бесше карактеристичен. Директорот Фиорентини беше во првиот момент воодушевен, и тоа искрено, бидејќи директно разговаравме. Но по неколку дена ми се јави и рече дека тие не се за таква лига. Ми беше јасно, кој му го “шепнал” тоа.

Со Мамиќ разговаравме во хотелот „Хајат“ во Белград. Видов дека идејата им се допадна од фудбалски но и финансиски, маркетиншки аспект, но самиот одговор беше катгорично не. Ги спомнаа навивачите. И, толку.

Ставот на бугарските клубови го изрази и бугарскиот весник „Футбол“, чиј главен уредник директно ми се обрати указувајќи голема поддршка. Предлогот предвидуваше меѓучекор со организирање на „Турнир на балкански шампиони“, во која прилика би се договарале за начинот на реализација на идејата…

Политичката ситуација не дозволи проектот да се развива, но во меѓувреме почнаа да се појавуваат нови-исти предлози. Разликата беше во нивото на проектите, односно повеќе базираа на емотивни елементи отколку на зрели спортско-финансиски. Како времето се менуваше одредени клубов ,го надминаа квлатетот на локалните лиги па така клубовите како Динамо Загреб, Ц. Звезда, Партизан, Олимпијакос, Панатенаикос, Фенербахче, Галатасарај и уште неколку, станаа скоро редовни учесници во групните борби во Европа, по што, нормално, го загубија интересот за ваква регионална лига.

Затоа пак, кошарката и ракометот, многу брзо се адаптираа и организираа квалитетни регионални лиги.

УЕФА години потоа всушност сама призна дека е неопходно регионалното поврзување

Ете денес, блиску 30 години подоцна и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ја поддржа идејата. Иако прилично доцна, сепак уфрлија уште едно натпреварување – „Конференциска лига” која е всушност еден вид компензација на помалите фудбалски земји на неформирањето на регионалните лиги.

Ние како фудбал и како држава, можеме да се пофалиме и гордееме со фактот дека сме иницирале и предложиле подобар систем на организирање на европскиот фудбал.

Имаме и други работи, кои светскиот фудбал веке ги прифатил, но не сакаме, нели, да се фалиме. Поради скромност…

Се вчитува...