Новото коло од Евролигата ни носи суперинтересен натпревар во Белград каде Партизан од 20 часот и 30 минути ќе го пречека Милано за кој настапува и македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ.
А, пак тој се очекува да има и зголемена минутажа во „Штарк“ арената со оглед на тоа што италијанскиот тим доби лоши вести пред самата средба.
Дел од неа нема да биде Стефан Тонут, италинајскиот репрезентативец кој заработи повреда на коленото. Цел од средбата нема да биде ниту Џош Нибо кој веќе некое време е надвор од терените и нема да игра уште три до четири седмици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА