Погледнете го коленото на Златан од пред три месеци – вчера постигна гол за Милан (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ е феномен. Швеѓанецот кој пред само 87 дена се здоби во тешка повреда поради која мораше да замине и на операција на менискусот се врати во дресот на „росонерите“ за мечот против Лацио и веднаш постигна гол.

Напаѓачот влезе на теренот во 60. минута, а веќе во 67. минута стрелаше на асистенцијата на Анте Ребиќ. По мечот Златан објави фотографија на неговиот Инстаграм профил од неговото колено пред само три месеци која ја воодушеви јавноста.

Се вчитува...