Погледнете го најбизарниот пенал во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Ретко видена ситуација на натпревар во бразилското првенство го обиколи светот. Имено, на натпреварот помеѓу Фламенго и Крисиума беше досуден еден од најчудните и најбизарните пенали во фудбалот.

Пред самиот крај на второто полувреме во шестнаесетникот на Крисиума се најдоа две топки, а една од нив спречи сто отстона шанса. Домашниот фудбалер Евертон проби во шеснаесетникот на гостите, а гостинскиот фубалер Барето го пречи да упати шут кон голот користејќи ја „втората“ топка на теренот.

Судијата не ја прекина играта бидејќи на теренот имаше две топки, а Барето за овој потег доби жолт картон и против неговиот тим беше досуден пенал кој беше искористен за конечните 2-1.

Се вчитува...