Погледнете го најдобриот натпревар на Лабовиќ во Карпош Соколи (ВИДЕО)

Драган Лабовиќ, своевремено големиот талент на српската кошарка почина на 38-годишна возраст. Србинот во блескавата кариера освои се што можеше да се освои во младинските категории, со успех настапуваше и на сениорско ниво, а остави и длабока трага во мак-баскетот со настапот за Карпош Соколи.

На македонската сцена се појави во сезоната 2016/17 и беше дел од најголемиот успех на тимот од Карпош освојувајќи го Купот на Македонија, завршувајќи го првенството како вицешампион, но и носејќи му опстанок во АБА лигата.

Особено беше рапсоложен за настап против својот поранешен клуб ФМП завршувајќи го натпреварот во Скопје со 21 поен, осум скокови и шест украдени топки за индекс на корисност 30.

Се вчитува...