Погледнете го ремек-делото на Тијаго Силва – класата е вечна, годините се само бројка

Тијаго Силва има 41 година, но се уште блеска на терените во дресот на својот Флуминенсе како што тоа беше случај и на синоќешниот дуел со Хувентуде.

Флуминенсе се мачеше да го скрши отпорот на гостите се до 98. минута кога дефанзивецот Силва тргна во противничкиот шеснаесетник – и со феноменален волеј ја смести топката во горниот агол.

Тијаго Силва ги мина најдобрите денови во европската кариера како член на Милан, Челси и ПСЖ, но реши пред крај да се врати назад „дома“ и од 2024 година е дел од Флуминенсе, клуб за кој претходно во два наврати настапуваше и на почетокот од својата кариера.

Се вчитува...