Погледнете го шоуто на Ѓоковиќ во Кина кое ги воодушеви Кинезите (ВИДЕО)

Подготвувајќи се за мастерсот во Шангај, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одново ги воодушеви фановите, поготово оние во оваа азиска држава.

Србинот прво играше тенис на Кинескиот ѕид, говореше и на кинески јазик, а потоа отиде и чекор подалеку. Облечен од својот спонзор „Лакост“ се облече во дречливи зелени тренерки и направи шоу на улиците.

Насмевката на Ѓоковиќ на објавените видеа и фотографии е доказ дека српскиот тенисер навистина ужива во Кина каде можеби ќе го одигра и последниот турнри во својата богата кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Се вчитува...