Погледнете ја доминацијата на Јокиќ со која го престигна Чемберлен (ВИДЕО)

Денвер Нагетс на крилја на Никола Јокиќ и новиот неверојатен трипл-дабл учинок, овој пат проследен со 32 поени, 16 скокови и 16 асистенции ја запиша третата последователна победа откако славеше на гостински терен кај Голден Стејт.

За Србинот тоа беше трет трипл-дабл во кариерата со повеќе од 30 поени, 15 скокови и 15 асистенции со што го надмина легендарниот Вилт Чемберлен на втората позиција. Повеќе вакви натпревари во историјата од Јокиќ има само Оскар Робинсон кој 11 пати остваруваше ваков учинок.

Се вчитува...