Емил Рајковиќ со ЦСКА Москва успеа да го освои бронзениот медал на сезоната 2022/23 во ВТБ лигата откако московскиот состав славеше со 4-1 во серијата за трето место против Зенит кој е предводен од Чави Пасквал.
До победа во натпреварот број пет тимот на македонскиот стратег стигна во последните секунди, а најзаслужен за победата беше српскиот интернационале Дејан Давидовац кој прво го врати својот состав во водство на 13 секунди до крајот, а потоа изнуди и прекршок во напад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА