Последниот натпревар од четвртото коло во АБА лигата донесе голема сензација и ситуација која ретко се гледа на кошаркарските терени. Мега го пречека Партизан во натпревар во кој Жељко Обрадовиќ влезе со цел одмор на клучните играчи пред евролигашкото дерби против Црвена Звезда, но „малиот голем клуб“ исполнет со големи таленти имаше свои амбиции.
Домашните кошаркари влегоа во натпреварот видно мотивирани па уште во воведот стигнаа до двоцифрена предност, предност која ја задржаа во најголемиот дел од натпреварот. Сепак на искуство Партизан успеа да стигне до неизвесна завршница во која верувале или не пресуди автокош на кошаркар на Партизан.
При изедначен скор од 86-86 последниот напад на средбата и припадна на Мега. Младиот Топиќ имаше шанса да го одлучи победникот, но промаши во својот обид, а во обид да ја „фати“ топката Урош Трифуновиќ си постигна автокош вреден победа на Мега.
Trifunović autokošem presudio Partizanu, Mega režirala veliko iznenađenje u Hali sportova! pic.twitter.com/ZLN45Lir1x
— Mozzart Bet (@MozzartBet) October 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА