Погледнете ја необичната вила на Марадона која е на аукција поради долговите (ВИДЕО)

Имотот на Диего Армандо Марадона е ставен на аукција на помалку од една година по неговата смрт. Двете вили на Марадона во Буенос Аирес, три автомобили (Хјундаи и две БМВ) и многу други лични работи, неговите обожаватели ширум планетата ќе можат да ги купат веќе на 19 декември, кога ќе се одржи аукцијата.

Почетната цена на вилата ќе биде 900.000 долари, а се очекува цената да се зголеми неколкукратно. Аукцијата беше одобрена од судот и беше покрената со цел да се исплатат заостанатите долгови на Марадона, но и судските трошоци. Сè уште е во тек и судењето за да се испита медицинскиот третман на Марадона пред неговата смрт.

Аукционерот ги објасни и деталите за аукцијата.

„Судијата веќе одреди сè што мора да биде продадено за да се дојде до потребниот приход. Вилата на Марадона е само дел од богатиот имот што популарниот Аргентинец го има, а наскоро ќе биде продадено“, објасни Адријан Мерсадо.

Да потсетиме, легендарниот фудбалер почина на 25 ноември 2020 година, по операција на мозокот.

Се вчитува...