Ултра-модерна јахта на Ибрахимовиќ, со фудбалски терен и теретана (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Златан Ибрахимовиќ во понеделникот беше претставен како гостин на фестивалот „Сан Ремо“, на кој Швеѓанецот стигна со ултра-модерна јахта од 20 милиони евра.

Фудбалерот на Милан на неа престојува со тројца пријатели, а најголемо внимание на 30 метри долгата јахта привлекува теренот за мал фудбал, а има и теретана. Може да прими до десет гости во пет кабини, а за Златан и пријателите се грижат пет лица.

;

 

Се вчитува...