Ајнтрахт Франкфурт е освојувачот на овогодишното издание на Лига Европа откако во финалето славеше над Ренџерс по изведување на пенали. Регуларниот дел и продолжението заврши со резултат 1-1 па победникот беше одлучен во пенал-рулетот во кој германскиот тим немаше грешка, а трагичар на Ренџерс беше Арон Ремзи за вкупни 5-4.
Победоносниот гол за тимот од Франкфурт го постигна Рафаел Боре, а истиот предизвика големо славје и на „Валдстадион“ каде 50 илјади навивачи на видео бим го проследије мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА