Погледнете како Дончиќ си поигрува со Американците (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со 39 поени, 9 скока и 9 асистенции го предводеше Далас до нова победа во НБА лигата, овој пат на домашен терен против Лос Анџелес Лејкерс. До истата Маверикс стигнаа со неверојатна трета четвртина во која постигнаа 51 поен, а истата беше и во знакот на Словенецот кој со поигруваше со противниците.

На самиот крај на четвртината Дончиќ по свој продор и офанзивен скок се најде во противничкиот рекет, а со лажно додавање го прати противникот Габриел „по бурек“ па лесно го постигна 91 поен за својот тим.

Се вчитува...