Академија ФМП стигна до втората победа во БИБЛ лигата откако по триумфот на гостувањето кај Левски, вечерва славеше и над Балкан во Кислеа Вода. Избраниците на Петровиќ од почетокот на мечот бркаа негатива, имаа и -16 (24-40) во втората четвртина, но не се преадоа.
Напротив одиграа одлично во второто полувреме во кое од минута во минута ја намалуваа предноста, а во последните десет минути успеаја да стигнат и егал завршница која ја „реши“ Стефан Крстајиќ со поени во последните секунди.
Интересно, поените на Србинот за победа беше само второто водство на Академија ФМП на овој натпревар по предноста од 67-65 во четвртата четвртина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА