Погледнете како Ливаковиќ ја сопре јапонската бајка во Катар (ВИДЕО)

Хрватска повторно по изведување на пенали успеа да се пласира во четвртфиналето од Светското првенство. Хрватите во првата нокаут-фаза за противник ја имаа репрезентацијата на Јапонија која во неа стигна со победи против Германија и Шпанија, а на моменти беше и далеку подобар противник против „коцкестите“.

Сепак Јапонците не успеаа да реализраат во регуларниот дел од мечот, а во пенал рулетот нивната бајка ја запре Доминик Ливаковиќ. 27-годишниот голман кој беше на врв на својата задача и во текот на натпреварот сопре три удари од белата точка за големо славје на поранешната југословенска држава.

Се вчитува...