Погледнете каква поддршка добија Ристовски и Адеми по мечот со Челси (ВИДЕО)

Динамо Загреб за која настапуваат македонскиот интернационалци Арјан Адеми и Стефан Ристовски одигра уште еден одличен натпревар против лондонскиот гигант Челси, но овој пат на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ немаше сили да дојде до нови бодови.

Бодовите изостанаа, со тоа и европската пролет, но не изостана големата поддршка од навивачите на загрепскиот тим. Популарните „БББ“ во главниот град на Англија приредија шоу, а им дадоа и поддршка на своите омилени играчи во „третото полувреме“, долго по последниот свиреж на судијата.

Се вчитува...