Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол минатото лето стана најплатениот дефанзивец во историјата по транфер вреден 90 милиони евра од Лајпциг во Манчестер Сити.
Согласно со своите квалитети, 22-годишникот има и богати примања во редовите на англискиот шампион. Според некои информации неговата плата изнесува 12.44 милиони евра на годишно ниво, но и покрај тоа Балканецот покажа голема скромност.
На социјалните мрежи се појави видео од фудбалерите на Манчестер Сити како се појавуваат на тренингот со раскошни автомобили. Од луксузни Ламборџини и Ролс Ројс кои вредат вистинско богатство, Хрватот вози Голф 8 со вредност од 46 илјади евра.
🚨 | BREAKING: @ErlingHaaland arrived for training today after Pep Guardiola mentioned he has some “knocks” post-@NUFC match. pic.twitter.com/Z1Tp5ZRKlG
— City Chief (@City_Chief) September 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА