Погодете кои се идолите на Леброн Џејмс… за еден нема дилема

Легендарниот американски кошаркар Леброн Џејмс кој се смета за еден од најдобрите во историјата на кошарката откри кои се неговите идоли од детството.

Несомнено прв на изборот е „летечкиот“ Мајкл Џордан, но и Пени Хардавај, Грент Хил и Скоти Пипен.

„Кога говориме за инспирација, никој ме нема инспирирано повеќе од Мајкл Џордан. Исто така мислам дека би било убаво да се дополнуваме еден со друг со различните стилови на игра. Тој беше бескомпромисен стрелец, имаше убиствен менталитет.

Ме инспирираше и Пени Хардвај додека растев како и Грент Хил и Скоти Пипен. Крила со сјајна контрола на топката ми беа инспирација. Некако отсекогаш сакав да играм на таков начин“, откри Џејмс.

Се вчитува...