Погодете колку заработи: Беше прв кој замина од Европа по пари, сега сметката му е полна

Еден од првите фудбалери кој ја напушти Европа на врвот на својата кариера и тргна по парите беше Бразилецот Оксар кој во 2017 година реализираше шокантен трансфер од Челси во кинеското првенство.

Оскар се наметна како еден од главните играчи на „сините“ во петгодишниот период кој го помина на „Стемфорд Бриџ“, но откако не ја доби посакуваната минутажа под водство на Конте, замина во јануари 2017 година потпишувајќи пребогат договор вреден 480 илјади ебра неделно со Шангај како 25-годишник.

Седум години подоцна Оскар заминува од Кина со истекот на договорот, а и со пребогата сметка. Според калукациите само од неделните примања Бразиелцот заработи 180 милиони евра, а со дадатените бонуси оваа сума изнесува нешто повеќе од 210 милиони евра.

За Шангај одигра 248 натпревари, постигна 77 голови и освои три лигашки титули, еден Куп и еден Суперкуп.

Настапот во Кина му донесе богатство, но и го зема данокот кога станува збор за настапите за репрезентацијата на Бразил за која одигра само 48 натпревари во периодот од 2011 до 2015 година.

Се вчитува...