Легендарниот шведски тренер Свен-Горан Ериксон беше погребан во својот роден град Торсби. Ериксон почина на 28. август годинава на 76-годишна возраст осум месеци откако јавно откри дека има тешка и неизлечива болест. Швеѓанецот боледуваше од рак на панкреасот за кој немаше лек.
Во родниот Торсби се собраа преку 600 луѓе, а меѓу нив беше и таткото на Свен-Горан кој има 95 години. Присутни беа и членови на кралското семејство од Шведска, семејството, пријателите, поранешни фудбалери и тренери како Дејвид Бекам, Рој Хоџсон…
Emotional David Beckham is close to tears as his ex-England boss Sven Goran Eriksson’s coffin is led out of the funeral service 😔 pic.twitter.com/3i7V85vrR9
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) September 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА